Денеска во Хаг свечено ќе се затвора судот за воени злосторства на територијата на поранешна Југославија, отворен во 1993 година.
Овој суд официјално престанува да постои на 1 јануари 2018. За сето тоа време судени се 90 обвинети, ослободени 19, а против 37 лица постапките биле прекинати или обвиненијата повлечени, исказ дале 4.650 сведоци во вкупно 10.800 денови поминати во судски рочишта, а записниците од сите судења зафаќаат над 2,5 милиони страници.
Судската архива ќе биде предадена на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Низ оваа судница поминале голем број воени злосторници, а една од последните најактуелни случки е самоубиството на генералот Слободан Праљак, кој испи цијанид за време на изрекувањето на пресудата, како и инцидентот со исчезнувањето на лекарското досие на Ратко Младиќ.
Овој суд ги осуди на затворска казна и Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Во затворот на трибуналот почина и поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.
Сите жалби во врска со пресудите на Радован Караџиќ, Ратко Младиќ, Воислав Шешељ и други ќе преминат во обвинителството на Холандија, каде дополнително ќе се одлучува во врска со нив.