Бонева осомничена дека мамела околу патните трошоци

Предметот „Друмарина“ којшто денеска беше отворен од страна на СЈО се однесува на високите патни трошоци кои Бонева ги наплаќала од државниот буџет.

Според доказите со кои располага СЈО, во периодот кога Бонева била пратеник во Собранието, приложила повеќе од 800 фискални сметки, наводно земени при патувањето од Струмица до Скопје и обратно. Меѓутоа, СЈО дошло до докази дека таа имала сместување во Скопје и дека доколку навистина го користела возилото за да патува секој ден, тогаш истото би требало да помине барем 100.000 километри повеќе.

СЈО пресметало дека на овој начин Бонева направила измама што го чинела Собранието некаде околу 100.000 евра.

Бонева, пак, вели дека СЈО подготвува политички линч против неа.

- Реклама -