Најмалку три лица загинале во железничката несреќа во Сиетл, кога воз што се движел со 129 километри на час излетал од шините.
Овој воз за првпат сообраќал по оваа пруга. Она што е констатирано околу оваа несреќа е дека истиот се движел со брзина од 129 километри на час, во зона каде што е дозволено да се вози со 48 километри на час.
Официјалните лица потврдија дека три лица загинале кога возот излетал од шините и паднал на автопатот јужно од Сиетл, во американската држава Вашингтон.
Уште нема информации дали ова е официјален број на загинати лица. Спасувачките екипи ги пребаруваат вагоните во потрага по повеќе повредени, евентуално загинати.