Дизни добија тужба за „Let It Go“

Дизни, Деми Ловато и Ајдина Мензел добија тужба за песната „Let It Go“, употребена како саундтрак во „Frozen“.

Хитот на Дизни од 2013 стекна инстантна популарност меѓу помладата, но и повозрасната публика. За филмот, песната ја испеа Ајдина Мензел, додека сингл-верзијата на „Let It Go“ ја сними Деми Ловато.

Музичарот Џејми Сиеро тврди дека песната е плагијат на неговата „Volar“ од 2008 година. Па така, тој сега си бара отштета и од Мензел и од Ловато во однос на музичките и авторските права, како и од Дизни поради користењето на нумерата во нивни продукт.

Дополнително, смета дека треба да добие и дел од профитот што песната го стекна на топ-листите за најпопуларни и најслушани песни.

За Деми Ловато ова не е првпат да добие тужба за плагјаризам. Во април, дуото „Sleigh Bells“ изнесоа уверливи докази дека во нејзината песна „Stars“ од 2015 таа користела семплови од нивната „Infinity Guitars“ од 2015.

https://www.youtube.com/watch?v=qu-biRtYEcU

- Реклама -