Напад во џамија во Египет

Најмалку 75 лица се потешко повредени по екстремистички напад врз џамија во Египет, соопштуваат властите.

Нападот се случил во џамија на Синајскиот полуостров. Претходно е објавено дека во истиот напад загинале околу 50 лица, но оваа информација уште не е официјално потврдена.

Според светските медиуми како Индепендент и BBC, нападот се случил за време на петочната молитва, а цел на нападот биле безбедносните сили кои ја обезбедувале молитвата, тврдат сведоци.

- Реклама -