Мугабе доби имунитет да остане во Зимбабве

Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс можат да останат во земјата и ќе добијат имунитет, со што ќе бидат заштитени од судска постапка и ќе им биде обезбедена безбедноста во нивниот дом, согласно договорот за заминување од функцијата.

– Тој се уште е наш почитуван херој од ослободувањето. Даде огромен придонес за развивањето на нашата земја во изминатите 37 години. Немаме ништо против Мугабе или против неговата сопруга. Народот на Зимбабве сака тие да останат во земјата доколку сакаат – наведе претставникот на владејачката партија на Зимбабве ЗАНУ-ПФ Сајмон Кхаја Мојо.

Извор на веста: Калимеро

- Реклама -