На денешниот ден се одбележува Конвенцијата за правата на децата и по тој повод медиумите ќе им отстапат простор токму на децата за да укажат на проблемите со кои секојдневно се соочуваат.
УНИЦЕФ со оваа Конвенција им овозможува еднакви права на децата, без разлика на раса, религија, култура, општествен слој или било која друга разлика која постои, но и покрај тоа, статистиките покажуваат дека уште има деца во светот кои не ги остваруваат ни најосновните права предвидени од страна на ОН и УНИЦЕФ.