По објавувањето на деталите околу вториот дел на „Fantastic Beasts and Where to Find Them“, фановите на „Хари Потер“ и целиот волшебнички свет не се баш задоволни од кастингот.
Имено, ним им пречи тоа што Џони Деп е избран да ја одглуми носечката улога на мрачниот волшебник Гелерт Гринделвалд. Според фановите, причина за тоа е јавниот развод на Деп од Амбер Херд, која тврди дека актерот бил вербално и физички насилен кон неа во текот на врската.
Дури и кога беа најсреќни, нивната врска ја опишуваа како „страствена и понекогаш насилна“, но никогаш со намера да се повредат меѓусебно.
Фановите дури и имаат идеја дека наместо Џони Деп, во улогата на Гринделвалд треба да се појави Колин Фарел. Некои отишле дотаму што покренале петиција до Џ.К. Роулинг да реагира и да се заангажира Деп да биде сменет.