Алгоритам на Фејсбук кој служи за полнење на база на навредливи зборови блокираше стотици кориснички сметки на социјалната мрежа.
Речиси сите профили се хрватски и заедничко за нив е што некаде некако, во статус, објава или коментар го искористиле жаргонскиот збор „козојеб“, којшто се однесува за ултраконзервативните претставници на власта, кои се обидуваат да ги наметнат своите идеи и верувања.
Според хрватските служби за информатичко општество, се работи за алгоритам во кој е внесен овој збор, така што секогаш кога ќе биде искористен во било кој контекст во објави на Фејсбук, автоматски го блокира корисникот.