Бугарската полиција на главната железничка станица во Софија синоќа откри 29 илегални мигранти скриени во товарен воз што патувал од Турција до Австрија.
Како што јави БТА, најголемиот дел од мигрантите биле откриени во еден од вагоните на возот, а останатите биле скриени на неговиот покрив. Меѓу приведените мигранити има 14 жени, деветмина мажи и шест деца.
Извор: КАЛИМЕРО.МК