Во текот на изминатите 24 часа на територија на Скопје, најзагаден бил воздухот во Лисиче, со висока концентрација на ПМ10 честички.
Во различни делови од денот, концентрацијата на овие штетни честички во воздухот во населбата била и неколкупати поголема од дозволенаа граница.
Во Центар се измерени помеѓу 70-112 микрограми на метар кубен во различни делови од денот, а во Гази Баба концентрацијата на ПМ 10 била меѓу 100-140 микрограми на метар кубен.
Во Карпош вредностите се движеле меѓу 70-168 микрограми, додека во воздухот во Лисиче во еден дел од денот биле измерени 452-486 микрограми на метар кубен, што е 8 до 9 пати повеќе од дозволеното.
Надвор од Скопје, зголемено загадување на воздухот е забележано во Битола, Кичево, Тетово, Велес, Кочани и Куманово.