Министерот за внатрешни работи извести дека МВР веќе е во трага на убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев и дека за разлика од досегашните шпекулации, констатирано е дека се работи за еден, а не за двајца извршители.
Исто така, министерот Спасовски тврди дека наскоро ќе се дознае и мотивот за злосторството во кое животот го изгуби младиот Јанушев, кој беше застрелан пред влезот на зградата во која живеел.
Досега биле сослушани 35 лица-сведоци, а се прегледуваат и снимките од околните безбедносни камери. Истрагата напредува, но министерот не открива детали за да не ѝ наштети на истата.