Мерните станици во Карпош и Лисиче покажуваат многу високо загадување на воздухот, а жители на овие населби тврдат дека во воздухот се чувствува непријатна миризба на запалено.
ПМ10 честичките во Карпош достигнаа концентрација од 222 микрограми на кубен метар, додека во Лисиче 229 микрограми на кубен метар.
Концентрацијата на ПМ2,5 честичките во Карпош е 180 микрограми на кубен метар.
Минимална граница за ПМ10 е 50 микрограми на кубен метар, а за ПМ2,5 е 20 микрограми на кубен метар.
Во Центар е измерено загадување со ПМ10 со концентрација од 133 микрограми на кубен метар, односно ПМ2,5 од 90 микрограми на кубен метар.
Високо ниво на загадување е забележано и во Битола, Кичево, Тетово и Кавадарци, додека средно до ниско ниво во Гази Баба и Куманово.