23 мртви женски дела биле пронајдени на брег на југот на Италија. Се претпоставува дека се бегалци од Либија или Нигерија чиј брод потонал.
Властите од Италија отворија истрага за да се дознае дали жените биле бегалки или станува збор за трговија со луѓе за проституција.
Исто така, во тек на истрагата ќе се дознае дали жените кои беа пронајдени на брег на југот на Италија биле и жртви на насилство. Ова е редок случај на бродолом во кој загинале само жени, се вели во соопштението на локалната полиција.
Телата ги пронашол екипаж на шпански брод којшто ги донел до најблискиот брег. Во шпанскиот брод имало уште 375 мигранти, меѓу кои и 116 жени, од кои 9 биле бремени.
Се претпоставува дека во бродот на загинатите жени имало и мажи кои успеале да се спасат, па полицијата врши потрага и по нив.