Фудбалерот Мартин Јанушев, кој што беше застрелан пред влезот на зградата во која што живее во Аеродром подлегнал на повредите.
Тој во клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ бил донесен без знаци на живот, а лекарите 40 минути се обидувале да го реанимираат, но безуспешно, по што констатирале смрт.
– Застреланото лице беше донесено во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот. И покрај тоа докторите се обидуваа да го реанимираат 40 минути, по што е констатирана смрт – посочија од Клиниката.
Според очевидци, Јанушев бил застрелан со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот.
Јанушев во својата кариера настапуваше за неколку македонски клубови, a неговиот последен ангажман бил во скопскиот второлигаш Локомотива.
Извор на веста Слободен печат