Нова цел на сајбер-криминалците се уметничките галерии и препродавачите на уметнички дела со „крадење“ на меил адреса.
Хакери успеале да пробијат службена меил адреса на препродавач од галерија и на сите клиенти кои имале нарачка да им испрати промена на банкарската сметка.
Во овој случај е забележана измама во повеќе галерии во Лондон и САД, а дилерите со уметност веќе ги предупредуваат своите клиенти да бидат внимателни.
Измамата била забележана кога купувач се пожалил дека му е пратена нова фактура поради претходно плаќање со погрешна валута. Некои дури и наседнале на истото.
Галериите и препродавачите во Лондон веќе развиваат систем на двојна верификација, со кој ќе ги регулираат плаќањата на клиентите и ќе спречат следни сајбер измами.