Утринава е приведен ексградоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, под сомнение за злоупотреба на службената должност.
Како што пренесуваат македонските медиуми, заедно со него се уапсени уште неколку лица, поради незаконска пренамена на земјиште на територијата на Општината, како и незаконско давање земјиште под концесија.