Вкупната излезеност на гласање во вториот круг, на ниво на Македонија до 17 часот била 43,83%, во 35 општини, на 1.517 избирачки места.
На некои места се забележани прекини на гласањето, но бидејќи сите биле пократки од 30 минути, нема да има продолжување на гласањето во ниту едно избирачко место, односно затворени се точно во 19 часот.
Вкупната излезеност до 19 часот ќе биде соопштена од страна на Државната изборна комисија, а во следните неколку часа се очекуваат и првичните резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори.
Според ДИК, највисока излезеност има во Демир Капија, додека пак најниска во Шуто Оризари.