Роботот кој доби државјанство од Саудиска Арабија

Робот по име Софија доби државјанство од Саудиска Арабија и со тоа ова е првпат во светот робот да добие државјанство, а Саудиска Арабија прва земја што доделува нешто такво.

Роботот Софија е дизајниран според ликот на актерката Одри Хепберн и е дело на кибернетичарот Дејвид Хенсон, произведена во компанијата „Хенсон Роботикс“.

Софија беше презентирана на настан во Ријад и се заблагодарила што е првиот робот што има чест да добие државјанство.

За разлика од останатите државјанки на Саудиска Арабија, Софија не мора да биде покриена, ниту придружувана од маж, што предизвика низа негативни реакции дека има повеќе права за разлика од своите сонароднички.

- Реклама -