На 27 октомври, нешто по полноќ, на улицата „Њуделхиска“, мајка со нож му нанела убодна рана на поранешното момче на ќерката.
42-годишната А.Н. од Скопје го нападнала со нож И.И. (37) од Сарај, кој претходно бил во љубовна врска со ќерката на А.Н.
На настанот му претходела расправија помеѓу девојката со иницијали К.Б. и И.И.
По нанесените повреди, тој бил пренесен во градската болница „8 Септември“. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.