Најновото видео на Тејлор Свифт е за песната „…Ready For It?“ од албумот „Reputation“ и истото постигна речиси 6 милиони прегледи на Јутјуб.
Со последниот албум Тејлор повторно го менува и надоградува музичкиот стил, а со тоа и спотовите секогаш се поразлични и поекстремни од претходните. Најновиот изгледа футуристички, има црвенооки роботи, има и робот-двојник на пејачката, едната рака има облик на сечило…
Тејлор Свифт ја објави „…Ready For It“ пред извесно време, но уште немаше снимено спот. Потоа, во понеделникот за првпат беше објавен краток инсерт од видеото.
За помалку од 24 часа откако спотот беше објавен ја Јутјуб, постигна речиси 6 милиони прегледи