Италија протера Македонец и Албанец поради поврзаност со ИД

Под сомнение за поврзаност со Исламската држава, Италија депортираше Македонец и Албанец, поради, како што соопштиле италијанските власти, безбедносни причини.

Двајцата живееле во градот Бари и подолг период биле следени поради тоа што извесно време контактирале со марокански државјанин, симпатизер на ИД.

Медиумите пренесуваат дека кога се уапсени, кај Македонецот и Албанецот се пронајдени пропагандни материјали со антисемитски и антизападни пораки.

Со полициска придружба и двајцата биле депортирани во нивните матични земји.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
- Реклама -