Пејачот Џастин Тимберлејк потврдил преку своите профили на социјалните мрежи дека ќе настапи на годинашното издание на „Супербоул“.
Тој исто така, настапи и пред 14 години на полувремето, заедно со Џенет Џексон, а светот го запамети овој перформанс поради инцидентот со голата брадавица на пејачката.
Минатата година на полувремето на „Супербоул“ настапи Лејди Гага, која приреди вистински спектакл за гледачите.
На Џастин Тимберлејк ова ќе му биде трет настап на „Супербоул“. Првпат тој настапи во 2001 година заедно со бендот „Ен Синк“, а во 2004 беше добро познатиот настап со Џенет Џексон.