Знаци дека тој наскоро ќе ве изневери

Една американска фондација правела истражувања во врска со неверствата на мажите. Според нив, најмалку 60% од мажите во текот на врската или бракот ќе се обидат да ја изневерат својата жена. Според нивното истражувања, следниве знаци покажуваат дека тој е на еден чекор од неверство.

Ги оправдува туѓите неверства

Еден од првите знаци по кои сигурно можете да препознаете дека вашиот партнер е спремен да ве изневери е ако ги оправдува туѓите неверства. Јасно ви дава до знаење дека и тој би го сторил истото бидејќи не гледа ништо спорно.

Одеднаш започнува да шири познатства

Одеднаш започнува да шири познатства, прибира броеви на телефони, постојано се јавува на другарите од детството, сака почесто да излегува, се тушира двојно почесто од порано, излегува на кафе со девојки кои ги оправдува како негови стари пријателки или службени средби… Ова се само дел од знаците кои укажуваат дека неверство е блиску.

Постојано размислува за секс

Доколку вашиот партнер наеднаш започнува сексот да го споменува речиси секогаш и секаде, кажува и се смее на вицови кои се поврзани со сексот, едноставно кажано – се однесува како во пубертет, ова е сигурен знак дека ќе ве изневери во првата дадена прилика.

Секогаш детално ви објаснува каде ќе оди

Мажите по природа обично не сакаат некој да им дише во вратот и доколку си ги вршат рутинските обврски тешко дека за тоа ќе ви даваат детално образложение. Според американското истражување, мажите кои на секое излегување од врата ви објаснуваат опширно каде ќе одат и што ќе прават или веќе ве изневериле или се подготвуваат за тоа. Мажот со деталното објаснување се уверува себеси дека вие нема да се сомневате во тоа каде се наоѓа и дека ќе биде спокојни.

Прочитајте и:  Камдом - кондом за дигиталното време

Наеднаш се однесува чудно

Наеднаш започнува да се однесува чудно, чудно разговара и не можете да го препознаете. Ова обично е симптом за веќе направено неверство, често ваквите мажи велат дека ова им е „минлива фаза“.

Ве крие од други

Ако не е добро расположен кога треба да излегува со вас, тука сигурно има нешто сомнително. Ваквите мажи не сакаат да одите со нив речиси никаде, доаѓаат со вас само ако мораат и постојано ве притискаат да си одите дома.

На работните коктели избегнуваат да дојдат со вас велејќи ви дека нема да се задржува т.е ќе оди само на половина час, а кога ќе се врати доцна вели дека бил заглавен во досаден службен разговор. Ваквите мажи на секое нивно излегување го сметаат за шанса да запознаат некоја згодна девојка и воопшто не се добро расположени кога вие сте во друштво надвор со него.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -