Фичо ќе подготви декоративна мусака, со спирално сечени компири и тиквички, со збогатен вкус.
Подготовка:
Чекор 1: Кромидот ситно исецкајте го. Ситно исецкајте го и лукот. Ставете ги во тавче да се продинстаат, потоа додадете го јунешкото месо, Ворчестер и соја сос, бел бибер и сол.
Чекор 2: Компирите и тиквичките исецкајте ги спирално. Бидејќи на компирите им е потребно повеќе време за подготовка, ставете ги на дното од Ростер тавата. Измешајте ги со маслиново масло и посолете. Над компирите распоредете го месото и над месото распоредете ги тиквичките.
Чекор 3: Прекријте го со фолија и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 С. Печете 15 минути, потоа тргнете ја фолијата и печете додека не зарумени.
Чекор 4: Кога ќе зарумени мусаката, изматете ги јајцата со малку млеко, прелејте ја мусаката и вратете во рерна додека не се испече преливот убаво.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Делимано Апаратот за спирално сечкање може да го искористите за подготовка и на разновиден печен спирален зеленчук, кој ќе биде декоративен прилог на јадењата.