Фичо ќе подготви крцкави триаголници од готови кори, со вкусен фил од зеленчук. Со комбинацијата од печурки, кромид и растителна павлака за готвење ќе заборавите дека јадењето е посно.
Подготовка:
Чекор 1: Во чаша со вода растворете го квасецот.
Чекор 2: Во сад ставете ги шампињоните исецкани, додадете ги сецканите кромид и лук. Со апарат спирализер исецкајте ги тиквичките и додадете ги во тавата со зеленчук. Додадете го и вргањот. Количините се според желбите и потребите.
Чекор 3: Корите сечете ги во должина со дебелина од околу 7 сантиметри и премачкајте ги со растворениот квасец.
Полнете ги со фил и завиткајте ги. Премачкајте ги со квасецот.
Чекор 4: Печете ги 10- 15 минути во загреана рерна на 200 степени.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Видот на печурките може да го менувате по потреба, да додадете буковка, свеж вргањ, или шитаке по желба.