Уметник со недели работел на мурал што прикажува срце, а потоа од истиот направил анимиран гиф.
Муралот е нацртан на фасадата на една зграда во Загреб.
На Фејсбук напишал дека сите слоеви од неговата работа ги создал со помош на спреј, со слободна рака, а муралот е вклопен со постоечките цевки за да се создаде впечаток дека тие пумпаат крв во срцето.
Проектот наречен “HeArtbeats” го предизвика вниманието на медиумите, а освен на Балканот веста стигна и до уметничките катчиња на порталите ширум светот.