Измислил една од најпопуларните игри, а не заработил ни цент

карти

Solitaire за Windows е една од најпопуларните компјутерски игри на сите времиња.

Играта наполни 25 години и е дело на Вес Чери, кој во тоа време работел како практикант во Microsoft. Она што ја направи приказната за легендарната игра со карти толку актуелна е тоа што тој не добива никакви пари за создавањето или пак хонорари во некаква форма.

Неговата сторија се појавува на интернет од време на време, но сега беше повторно чепната неделава, откако корисник на Reddit објави нова информација за тоа со што се занимава во моментов Чери, истакнувајќи дека во денешно време тој одгледува јаболка. Чери е сопственик на Dragon’s Head Cider – фирма што поседува сопствена градина и произведува јаболко на остров, кој се наоѓа западно од Сиетл.

Постот стана толку популарен на Reddit што последователно сајтот на Dragon’s Head се сруши. Чери се вклучи онлајн на Фејсбук, за да ја раскаже приказната за Windows Solitaire повторно:

„Ја создадов играта за Windows 2.1, додека бев практикант во Microsoft во текот на летото во 1988 година. Бев играл слична игра на Mac, па наместо да учам за завршните испити на колеџот, сакав да направам моја сопствена верзија за Windows, раскажува Чери. Во тоа време во Microsoft имаше компанија во компанијата по име Bogus Software. Тоа беше само еден сервер, каде што неколку луѓе си игравме, применувајќи го програмскиот интерфејс на Windows и прикачувавме разни игри. Програмскот менаџер од екипата на Windows ја виде мојата игра и реши да ја вклучи во Windows 3.0. Ми беше кажано јасно дека нема да ми платат за тоа, освен што ќе ми дадат еден компјутер IBM XT. Тогаш немав никаков проблем со тоа и немам проблем и ден денес. Чери создава и Windows верзија на друга популарна игра во минатото со име Pipe Dream. Таа е вклучена во една од софтверските пакети познати како Microsoft Entertainment pack. Чери добива “неколку илјади долари во форма на акции за тоа”.

Ако ги задржел овие акции, дефинитивно сега ќе му се одразеа добро. Microsoft претвори во милионери доста од вработените во 90-тите години.

Чери продолжува да работи за Microsoft и откако заработува стаж како дел од тимот на Excel.

Во 90-тите години Microsoft беше водечка технолошка компанија, за која сите во сферата сакале да работат. Каква е ситуацијата денес со Google или Facebook? Вработените се добро платени, добиваат акции на компанијата и како целина се справуваат доста добро со сите технолошки процеси. Во одреден период сепак се појавува приказната за приправник кој ја создава легендарната игра за Windows, но не заработува никакви пари од тоа. Луѓето се пошегуваа дека ако секој кој ја играл некогаш оваа игра му испрати на Чери по 1 цент, тој ќе биде доволно богат за да се дружи со Бил Гејтс.

- Реклама -