Шест најважни прашања за конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Иран

Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран по протести против одлуката на Саудиска Арабија да егзекутира 47 лица поради сомневање за тероризам, меѓу кои и саудискиот шиитски свештеник Нимр Бакр ал Нимр.

Nimr-protester

Конфликтот меѓу двете држави може да има последици кои ќе се рашират многу подалеку од Блискиот Исток, со оглед на тоа што како Иран, така и Саудиска Арабија го имаат клучот за победата над ИД во Сирија и Ирак.

Ова се шест од најважните прашања што треба да ги знаеме за конфликтот:

Што точно се случи?

Во саботата саудиската амбасада во Техеран беше нападната од непозната иранска група. Делови од зградата беа запалени, а другите делови од комплексот беа уништени. Според локалните медиуми амбасадата беше нападната од група лути Иранци.

Откако кралството ја исполни смртната пресуда на истакнатиот шиитски свештеник, иранското Министерство за надворешни работи ја обвини Саудиска Арабија дека го поддржува тероризмот и ги егзекутира неговите противници.

Во неделата вечерта Саудиска Арабија им стави рок од 48 часа на членовите на иранското дипломатско претставништво да ја напуштат Саудиска Арабија.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел Ахмед ал Џубејр ги осуди “негативните и агресивни интервенции на Иран во арапските дела кои често водат до оштетување и уништување”.

Зошто Саудиска Арабија се одлучи на ваков потег?

Во саботата Саудиска Арабија ја исполни смртната пресуда на 47 лица обвинети за терористички активности. Според податоците на Human Rights Watch ова е масовната егзекуција на затвореници од 1980 година. Ова доведе до заострување на односите меѓу двете земји. Меѓу осудените на смрт имаше четворица шиити – од кои еден духовникот Нимр ал-Нимр кој уживаше добар углед во Иран.

По убиството на Ал-Нимр избувнаа протести меѓу шиитските заедници во различни држави. Во Ирак стотици незадоволни граѓани излегоа по улиците на провинцијата Ал-Вазит и ја опседнаа саудиската амбасада во Багдад. Во Бахреин и во индискиот дел на Кашмир исто така протестираа илјадници луѓе.

Во шиитски Иран протестите ескалираат, а високиот лидер на земјата Али Хамнеи изјави дека саудискиот крал ќе биде казнет со “гневот на Алах”.

Ноќта во саботата према неделата, иранските демонстранти упаднаа во амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран.

Нападите на демонстрантите против саудиската амбасада во Техеран и саудискиот конзулат во иранскиот град Махшад се бесрамно кршење на сите меѓународни конвенции, рече саудискиот министер за надворешни работи и ги обвини иранските власти дека не направиле ништо за да ги спречат нападите.

Ал Џубејр рече дека Ријад нема да дозволи Иран да ја поткопува безбедноста.

is

Кој е Нимр ал-Нимр?

Ал Нимр е еден од најважните претставници на маргинализираните шиитски малцинство во Саудиска Арабија. 57-годишниот свештеник настојуваше за одделување на источните области богати со нафта ако Саудијците не престанат да ги поттиснуваат правата на шиитите.

Ал Нимр беше централна фигура на шиитските протести кои избувнаа во 2011 година како дел од Арапската пролет. Иран беше ги предупредил дека егзекутирањето на Нимр ќе ја чини скапо Саудиска Арабија, а меѓународната заедница реагираше многу остро на егзекуциите.

Зошто односите меѓу Саудиска Арабија и Иран се толку тешки?

И двете држави се борат за превласт на Блискиот Исток. Тие учествуваат во локалните војни меѓу сунитските и шиитските групи во регионот. Сунитската Саудиска Арабија, на пример ги поддржува борците од истото исповедање во Сирија. Иран, од своја страна, обезбедува поддршка за шиитската Хизбулла и за режимот на Башар ал-Асад. Саудиска Арабија војува во Јемен против шиитските бунтовници кои повторно се поддржани од Иран.

Во оваа “студена војна” Саудиска Арабија забележа некои сериозни неуспеси. Нуклеарниот договор со Иран од летото 2015 година беше тежок удар за Ријад, бидејќи значеше крај на санкциите и можност за продолжување на трговијата со нафта, со приходи од кои се спонзорираат шиитските групи во регионот.

Во исто време Иран може да го зголеми политичкото влијание на Блискиот Исток преку војната против ИД во Сирија. Враќањето на земјата на пазарот за нафта може да ги притисне дополнително намалените цени на горивото. Оваа цена од 40 долари за барел веќе е премногу ниска за да ја пополнува саудискиот државен буџет.

Саудиската внатрешна и надворешна политика во оваа ситуација ќе станува агресивна.

Како реагира светот на конфликтот?

Веднаш по масовната егзекуција меѓународната заедница зазеде уникатна позиција.

Високиот комесар на Обединетите Нации за човекови права Зијад Раад ал Хусеин ги повика властите во Саудиска Арабија да воведат мораториум на смртните казни.

Тој потсети дека во согласност со меѓународното право, употребата на смртна казна во однос на “најсериозни злосторства” е дозволена само во случај дека се работи за намерни убиства. Потребни се, освен ова, “гаранции за спроведување на фер судска постапка, како и целосна транспарентност за време на процесот”.

Ал Хусеин изрази “крајна загриженост” од големиот раст на егзекуциите во Саудиска Арабија. “Сега гледаме дека само за еден ден беа егзекутирани речиси една третина од бројот на луѓе егзекутирани за целата 2015 година”, истакна високиот комесар на ОН. Тој ја повика владата во Ријад да воспостави мораториум над сите егзекуции и да работи заедно со ОН и други партнери над алтернативни стратегии во борбата против тероризмот “.

Во неделата вечерта Американскиот Стејт департмент ја повика Саудиска Арабија да ги почитува човековите права. САД ги повикаа лидерите на Блискиот Исток да преземат мерки за смирување на тензиите по кризата.

“Сметаме дека дипломатските активности и директни разговори се од суштинско значење за да се работи и покрај разликите. Ќе продолжиме да ги повикуваме лидерите во регионот да преземат позитивни мерки за да ги смират тензиите”, вели портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Кои ќе се последиците за мировните преговори за Сирија?

И двете страни имаат клучна улога за решението на конфликтот во Сирија и Ирак. Меѓународните напори против терористичката група “Исламска држава” конечно доведоа до благо приближување меѓу противниците. Иран и Саудиска Арабија се и најсилните економски држави на Блискиот Исток.

- Реклама -