Смартфонот ќе ми најде работа

Барањето на работа е токму како запознавањето, банкарството или листата на задачи. Tоа е нешто со кое што сите ние се соочуваме порано или подоцна.

Како и секоја досадна обврска наоѓањето на работа исто така се претвори во повод за создавање на цела серија мобилни апликации, а при тоа веќе е стабилен бизнис во мобилната технологија.

linkedin-smartphone-1940x900_34702

Мачното пишување биографии, интервјуата со работодавците и преговорите за плата се ближат кон крајот, на огромно задоволство на сите оние нервозни луѓе кои се обидуваат да најдат работа.

Барањето на работа во целина може да биде поделено на четири главни категории: градење на професионални контакти, изнаоѓање на соодветни работни места, аплицирање и комуникација со работодавачот.

Мобилните апликации го поедноставуваат целиот процес на барање на работа, овозможувајќи им на повеќето смартфони да создаваат контакти и да комуницираат во определено време и според напишаните услови.

Веќе речиси деценија изградбата на професионална мрежа на контакти е основана на LinkedIn.

Сега сепак стартап компаниите почнуваат да градат публика од корисници кои бараат различен пат кон подобра заштита на информациите и контрола врз нивните мрежни контакти.

handshake-office-w

Caliber се декларирал како пребарувач за бизнис контакти. Апликацијата се потпира на социјалните и професионалните мрежи (односно: LinkedIn) и ви дозволува да пребарувате и да водите преговори со луѓе во мрежата на база на нивната професионална биографија.

За разлика од другите “нет-воркинг” апликации кои ви помагаат да изградите профил, да останете и да ја следите мрежата, Caliber им дава максимални можности на корисниците преку прочистени, ненаметливи и директни комуникации.

Извршниот директор на Caliber, Андрес Бланк вели дека апликацијата има повеќе од 4 милиони профили достапни за пребарување, вклучувајќи 1 милион луѓе во Њујорк и Сан Франциско.

Апликацијата ја олеснува комуникацијата за околу 23%, што значи дека секое петто барање за контакт е прифатено од спротивната страна.

Weave користи сличен интерфејс и алгоритам на Tinder за да им овозможи на корисниците да пребаруваат потенцијални професионални контакти во близина на нивната локација.

Основачот Брајан Ма вели дека Weave нуди подискретен и пријатен пристап кон создавањето на мрежа од контакти во споредба со одењето на професионални настани, кои се непријатни дури и кога се изведуваат меѓу пријатели.

Ма тврди дека обично корисниците на Weave се поврзуваат меѓу себе за три дена и се среќаваат со потенцијалниот клиент по не повеќе од една недела.

r1

Reach ги прикажува работите еден чекор подалеку, овозможувајќи им на барателите да наоѓаат професионалци според географската близина, неодамна посетени места или интереси, во реално време.

Intro, услуга на платформата about.me, им овозможува на корисниците да создадат “дигитални бизнис картички” од профилите во about.me, а притоа да одлучат колкав дел од информациите ќе биде јавен, за да се сподели со што повеќе корисници.

Иако секој консултант има фаворизиран тест за проценка на идниот професионален развој, резултатите се често неточни или разочарувачки. Ова особено важи кога проценката препорачува тип на работа, но не обезбедува примерок за работни места, за кои што ќе се испроба кандидатот.

Прочитајте и:  Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“

Good & Co се стреми да го промени тоа. Апликацијата што се декларира како социјална мрежа за среќа на работното место ги подложува кандидатите на серија од забавни тестови и проценки кои всушност имаат многу сериозна научна основа.

Корисниците можат да ги споделат резултатите со своите пријатели и колеги, но најважно е што апликацијата ве поврзува со компании и позиции кои одговараат на вашите силни страни.

Други традиционални платформи исто преминаа кон мобилни апликации – како Pymetrics во која кандидатите играат игри, за да ги откријат силните когнитивни аспекти и да остварат врска со соодветни компании.

applying-for-job-on-smartphone

Но како корисниците можат сигурно да бараат и да аплицираат за работа од мобилен уред?

Главната поплака меѓу луѓето кои бараат работа преку интернет е тоа што се принудени да поминуваат часови во листање на бескрајни сајтови за огласи кои изгледаат безлични и статични.

Слични сајтови успеваат да консолидираат милиони работни места и да ги поминат низ неколку филтери на високо ниво, но тие не успеваат да создадат каква и да е персонализација за кандидатите. Може да поминат недели пред тие да добијат одговор, ако воопшто има таков.

Од светот на работодавците, најголемото разочарување е бројот на несоодветни кандидатури добиени за секоја позиција.

HireVuе кој е замислен како инструмент за помош на работодавците, може да биде доста корисен и за луѓето кои бараат работа, скратувајќи го времето до вработувањето преку можноста за онлајн интервју “лице во лице”.

InterviewJet е друга интересна млада компанија, насочена кон IT-професионалци и работодавци.

Компанијата бара релативно малку информации од кандидатите, а потоа ги проверува и поднесува до нејзините клиенти – работодавците. Услугата засега е достапна само во Њујорк но InterviewJet покажува дека не е задолжително за да се оствари вработување да поминат неколку седмици.

За најбараните кандидати всушност тоа се случува речиси веднаш.

Image-Preview_Typing-Text-Message-On-Smartphone

Економијата на еднократните обврски, или – како што некои ја нарекуваат – “варијабилна работна сила” е најновиот тренд на пазарот за пребарување и вработување на кадри.

Секако, овој нов тренд брзо беше проследен со серија на мобилни апликации,кои му служат на новиот сектор. На крајот на краиштата има зголемување од уметници, хонорарни работници и луѓе кои само бараат начин да заработат екстра пари.

Од TaskRabbit во Pinch до Postmates дури до Gigwalk, оние кои сакаат да влезат на овој пазар (вклучувајќи возачи, курири, чистачи или изведувачи на рутински задачи) имаат определени места, на кои можат да ги нудат своите услуги.

Живееме во свет каде доминираат брзината и ефикасноста, па нема како да очекуваме секторот со побарувачка и понуда за работа да дејствува поинаку.

Благодарение на растечкиот мобилен сектор и некои активни претприемачи, процесот на барање работа можеби конечно влегува во новиот милениум.

- Реклама -