Црна Гора со покана за членство во НАТО, Македонија повторно „на добар пат“

Во Босна и Херцеговина, Грузија и Македонија се забележува напредок кон членство во НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

download

“Босна и Херцеговина, Грузија и Македонија исто така покажаа напредок кон членството во НАТО”, рече Столтенберг пред новинарите по одлуката на Советот на НАТО да започне преговори со Црна Гора за влез во Алијансата.

Official portrait of NATO Secretary General Jens  Stoltenberg
Јенс Столтенберг

Според зборовите на генералниот секретар, одлуката потврдува дека “вратите на НАТО остануваат отворени” за нови членови. 

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и ја честиташе поканата на Црна Гора и изрази уверување дека и поканата за Македонија ќе дојде наскоро, со тоа што интензивно се работи на таа цел.

jolevski-6-

Тој вели дека Македонија ги исполни условите за да добие покана за полноправно членство во Алијансата уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, но поканата доцни поради спорот со Грција.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -