Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов организираше пречек на претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, кој беше во посета на Скопје, истакнувајќи дека неговата посета е задоцнета, бидејќи граѓаните се изморени од блокадата на евроинтеграцијата и неодлучноста на Советот на ЕУ.
Иванов ги префрли причините за постојаната политичка криза во Македонија на ЕУ и според него единствениот начин да се надмине ова е земјата да ги започне преговорите за членство. Иванов побара Советот на ЕУ да го смета проширувањето не како техничко прашање, бидејќи Македонија е училишен пример за тоа како не треба да се постапува со земја кандидат за членство.
Иванов упати критики и во однос на бегалците, бидејќи според него Македонија ги трпи последиците од функционирањето на квотите за распределба на бегалци од нерегистрациите во Грција и од донесувањето на еднострани одлуки. Тој потсети и дека досега Македонија не добила парични средства за справување со кризата иако истите беа ветени на неколку наврати.
Туск од своја страна вети помош, не истакнувајќи за каква помош се работи и барање да ја решиме кризата со бегалците.
„Подготвени сме да обезбедиме многу повеќе откако ќе имаме проценка за вашите потреби. Ќе зборувам со земјите-членки на ЕУ за тоа што повеќе може да се направи во оваа смисла за да се осигураме дека нашата поддршка за вашата земја и за регионот ќе биде на исто ниво како предизвиците со кои се соочувате. Доколку сме сериозни и сакаме да го задржиме Шенген и патувањето без визи, тогаш мора да бидеме и сериозни и да им помогнеме на земјите кои се на првата линија како што е вашата. Нашата главна цел е да го намалиме бранот на бегалци, а не само да го олесниме нивниот транзит“, изјави Доналд Туск – претседател на Советот на Европа.