Спалната соба, тоалетот и кујната на сингл девојките

VICE влезе во собите на неколку сингл девојки од Англија, откако претходно го направи истото со мажи кои покажаа во каков свињарник живеат.

По статијата со мажите на VICE им пристиганал коментар во инбокс дека „Не живеат само момците така“, па решиле да проверат на терен. Мини истражувањето го презентираа преку фотографии и прашања што им  ги поставија на нивни сингл пријателки.

Доле можете да видите и споредба на фотографии од станот на девојките, под кои што стојат фотографии од собите на момците.

Чарли 29

spavace-sobe-kupatila-i-kuhinje-singl-devojaka-u-engleskoj-body-image-1447867965-size_1000

VICE: Зошто е собата вака средена? Дали е се скриено под кревет?

Чарли: Креветот е доста висок што е одлично за складирање работи. Тоа е се што можам да кажам.

Имаш многу билки во собата и многу перници

Немам градина, па затоа ги чувам сите овие растенија во соба. Ја исфрлив масата и на нивно место ги наредив нив, што е тотално одговорен животен избор. Перниците, тоа е затоа што ќе наполнам 30 години, живеам со цимери и имам криза. Кој е подобар начин да покажам дека сум одговорна личност отколку да имам тон перници? Бидејќи тинејџерка не би трошела пари на тоа? Баш сум во теткински домаќински филм за да докажам дека сум возрасна.

Купуваш цвеќиња и перници и тоа те прави возрасна?

Така функционираат нештата, зар не?

Овој стан е чист и уреден. Дали имавме само среќа или секогаш е вака?

Генерално е многу средено. Двајцата момци со кои што живеам се многу уредни, па имам среќа во таа смисла.

Кујната на Чарли:

Кујната на Ајков

Тоалетот на Чарли:

Тоалетот на Ајков:

Спалната соба на Чарли:

Спалната соба на Ајков 🙁

Пет, 28

pet

VICE: Ова е третата најуредна соба која што ја видов

Пет: Не знам, проаѓам низ своја фаза. Повеќе сакам кога ми е уредна, па ја чистам и останува така неколку дена, а потоа повторно е во неред.

Каква е оваа чудна глава?

А тоа е Родни Тротер. Го најдов пред црква во Гринвич. Мислам дека некоја антикварница имала некој вид распродажба, а човекот ми кажа дека е во прашање восочна фигура на Родни Тротер.

Кул. Колку често го чистиш станот?

Се трудам да правам едно големо чистење еднаш во неделата, но зависи од тоа колку сум зафатена бидејќи работам до доцна. Еднаш не го исчистив неколку недели и изгледаше како експлозија.

Колку често менуваш постелнини?

Секоја недела. Нели така прават возрасните?

Ти кажи ми

Да, ги менувам секоја недела кога чистам.

Кујната на Пет:

Кујната на Крис:

Тоалетот на Пес:

Тоалетот на Крис:

Спалната соба на Пес:

Спалната соба на Крис:

Елис, 21

spavace-sobe-kupatila-i-kuhinje-singl-devojaka-u-engleskoj-body-image-1447868699-size_1000
VICE: Твојата соба е беспрекорна. Се расправате некогаш со цимерите околу средувањето?

Елис: Секој работи на својот дел, па нема расправии околу тоа. Немаме распоред за чистење и слично. Направив распоред со старите цимери лани и ме мразеа. Беа ужасно мрзливи. Животот со момците е многу неуреден – имаше ѓубре на сите страни.

Без слободни чинии, затоа што се секогаш валкани?

Буквално, нема чинии никаде. Беше одвратно.

Колку често менуваш постелнина?

Мама ќе се налути за ова. Се трудам да менувам два пати во месецот, но веројатно сепак, еднаш месечно.

Тоа не е страшно. Еден од дечките со кои разговаравме рече дека пет месеци не ја променил постелнината. Едноставно спиел замотан во покривач со леопард дезен. А што е со долната облека? Колку дена се премногу за еден пар гаќи?

Добра сум со долната облека. Никогаш не сум правела трикови да ги вртам од другата страна и слично.

Маици?

Маиците можат да траат долго. Не мораш да переш маици секој ден. Немам време да ги перам толку често.

Станот на Елис

Табита, 29

VICE: Како се снаоѓате околу хигиената? Имате ли распоред?

Табита: Имавме еднаш, но не функционираше. Сега имаме хигиеничарка и едноставно се трудиме сите свои делови да ги одржуваме чисти и уредни.

Колку често менуваш постелнина?

Се обидувам да ја менувам на секои две недели. Понекогаш знае само да се одложи.

Станот на Табита

- Реклама -