Видео рецепт: Колач со банани и ананас

kolach-banani-ananas

Фичо ќе подготви еден од најпопуларните рецепти на нашата членка готвач, Даниела Џогова. Коцки со какао бисквит тесто, фил од ванила и овошје.

kolach sostojki
Подготовка

Чекор 1: Во сад за матење изматете ги пенесто јајцата со шеќерот. Додадете го брашното, гризот, какаото и прашакот за пециво. Ростерот намастете го со путер, сипете ја смесата и печете 15 минути на 180 степени. Печената кора исечете ја на половина за да добиете две кори.

Чекор 2: Млекото ставете го во сад на оган. Додадете го шеќерот и пудингот и мешајте додека да згусне.

Чекор 3: Филот нанесете го додека е топол, по овој редослед: Прва кора, половина пудинг, па наредете сецкани кругчиња банана. Втора кора, другата половина пудинг, па наредете сецкани парчиња ананас. Или, погледнете како го реди Фичо во видеото!

Чекор 4: Готовиот колач оставете го во фрижидер 1-2 часа да се стегне. Потоа сечете коцки и попрскајте ги со чоколаден сируп. Сервирајте!

СОВЕТ: По желба, ако сакате поблаг десерт, корите попрскајте ги со сок од ананас пред да ги филувате.

- Реклама -