Испратениот е-маил веќе можете да го повлечете назад

Направивте грешка или се предомисливте? Дознајте како да го поништите маилот што веќе сте го пратиле.

Доколку некогаш сте испратиле електронска пошта поради која што сте се покајале, Google има добри вести.

mail

Еве како на Gmail можете да го поништите маилот што веќе сте го испратиле.

Имено, технолошкиот џин започна со тестирање на опција која овозможува повлекување на пораките.

Еве што треба да направите.

Кликнете на Settings, а кога ќе отворите, скролајте надоле додека не дојдете до опцијата Labs.

Се работи за табот во кој се наоѓаат експерименталните функции на Gmail.

Отворете Labs и потоа скролајте до опцијата Undo Send. Откако ќе ја пронајдете таа опција, треба да ја активирате, односно да кликнете на  Enable  и потоа на Save.

Oткако направивте се што е наведено, кога ќе пратите е-маил, кој не сакате да стигне до другата страна, на врвот ќе се појави опција која ќе ви овозможи да го поништите испратениот маил.

- Реклама -