Заврши финалето на „Ѕвздите на гранд“ во Скопје: Победни е Харис!

За прв пат финалето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ се одржа во скопската сала „Борис Трајковски“, па освен како домаќини, Македонците не успеаа да дојдат до првата позиција во улога на пејачи.

Имено, новата Ѕвезда на Гранд е Харис Берковиќ. Тој како првопласиран доби стан во Белград и можност за снимање на албум.

Од земјава во финалето се претставија Ален Хасановиќ и Филип Божиновски.

Alen

 

Филип стигна до третото место, додека Ален до четвртото.  Двајцата, заедно со останатите суперфиналисти исто така ќе добијат награда, снимање песна од најпознатите автори на Балканот.

filip

Вечерва сите финалисти ќе се соберат во студиото и ќе поразговараат за впечатоците од финалето во Скопје.

- Реклама -