Водителката на X Фактор најави голема свадба

 

Антонија Блаче,  водителка на шоу програмата „X Фактор“, 6 години е во врска со Хрвоје Брлечиќ, кој пред четири години ја запроси на романтичен и несекојдневен начин.

Иако се свршени веќе четири години, поради бројни обврски, водителката и нејзиниот свршеник немале време да ја организираат венчавката. Меѓутоа, најпосле решиле да го направат тоа.

Како што навести Антонија, ќе се работи за голема свадба, бидејќи и кога слават роденден канат 50 луѓе.

Желба на водителката е свадбата да се случува во нејзиниот роден град Шибеник, но поради нејзините и обрските на идниот сопруг, истата ќе мора да се прослави на некоја друга локација, вели таа.

- Реклама -