Двајца Македонци остануваат во X Фактор – Давид и Боби; Алмир ќе ни недостасува

Вчера беше емитувана првата емисија во живо од регионалното шоу X Фактор.

Во првата епизода испадна распеаното семејство „Инфинитас“, откако останаа во дуел со згодните девојки од бендот „АнгелиНЕ“.

615192_x-faktor-uzivo-21-foto-promo_ff

 

615098_x-faktor-uzivo-09-foto-promo_ff

И додека никој не беше изненаден од тоа што првата музичка битка да се води меѓу бендовите кои реално годинава се „најслабата алка“ никој не очекуваше дека продукцијата ќе подготви толку многу изненадувања.

Имено, беа вратени дури четворица од испаднатите полуфиналисти, иако на голема жал на сите, меѓу нив ниту еден не е  од групата на Масимо Савиќ, која во изминатите епизоди се сметаше за најквалитетна.

Од Македонците освен Давид, кој веќе е дел од финалето, од следната епизода ќе имаме можност повторно да го гледаме Боби Мојсоски како дел од Live eмисиите.

Тука останува да се поздравиме засега со Алмир, кој не успеаа да го вратат во шоуто гласовите на публиката и жири комисијата.

Неговите неколку интерпретации ќе останат сигурно меѓу најдобрите на ова шоу, а доколку овој човек некогаш објави албум, сигурно би го слушале со задоволство. За неговиот специфичен вокал и импресивна музикалност потсетуваме во продолжение.

- Реклама -