Денеска започнува новата сезона на Х Фактор

Денеска, недела (22 март) во 21 часот, целиот регион, односно Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија ќе започне да ја следи втората сезона на шоуто каде Македонија влегува како победник, благодарение на победата на Даниел Кајмакоски во првата сезона.

После долгото очекување, конечно пристигна најновата сезона на балканскиот  Х Фактор.

Шоуто ќе ги чини интересно водителско трио: Антонија Блаче, Снеже Велков и Александар Радојчиќ, додека на столчињата на жири публиката ќе седнат 4 големи регионални ѕвезди кои со своето искуство, енергија и коментари ќе го зачинат шоуто уште повеќе. Тоа се Александра Ковач, Жељко Јоксимовиќ, Масимо Савиќ и Тончи Хуљиќ.

Прочитајте и:  The Cure објавуваат нова песна по 16 години пауза
- Реклама -