Не е тајна дека многу девојки сакаат да изгледаат постаро од своите години, а за таа цел користат шминка и секси облека. Сепак, славната реалити ѕвезда веќе неколку пати по ред ги пречекорува границите на добриот вкус.
Младата Кајли Џенер во последно време е почесто во медиумите дури и од нејзината сестра Ким Кардашијан. Кајли го купи својот прв дом на 17 години, и тоа вила од 2,7 милиони.
Пред неколку дена беше во Лондон на промоција на сопствен парфем и уште тогаш критичарите искоментираа дека е пресекси до степен на непријатност, кога ќе се земат во предвид нејзините години. Таа тогаш носеше проѕирна маица под која се гледаше градник.
Славната членка од семејството Кардашијам ги зголеми усните, започна да се шминка силно и да носи провокативна облека.
Последно беше фотографирана во Лос Анџелес каде што позира за ново модно снимање во секси црно бикини кое го открива нејзиното тело.