Очигледни последици на замор: „Исцрпена“ Лејди Гага

Американската пејачка во моментов настапува на промоцијата на албумот „Artpop”, а честопати тврди дека има повеќе енергија од било кога.

Сепак и неа ја совлада заморот, а тоа го сподели со своите фанови на социјалните мрежи преку фотографија.

Уште во саботата вечерта, го носела својот екстравагантен костим додека настапувала пред публиката во Лас Вегас, а само 24 часа подоцна, Лејди Гага се фотографирала во сосема поинакво издание.

На сликата, Гага  е без шминка, со подочници и чаша вино во раката. Нејзината коса е врзана во опавче, додека челото и е украсено со цветен накит.

Судејќи по фотографијата, очигледно на ексцентричната пејачка и е потребен одмор.

гага

- Реклама -