Пејачката Лејди Гага повторно шокираше со својот изглед, кој сега пак наликува на легендарната пејачка Шер.
Пејачката големата перика ја искомбинирала со мрежести хулахопки, високи чизми на висока потпетица и маица со шљокици на кој е нацртан леопард.
Панталоните изгледа ги заборавила дома, па добро е што имала барем гаќи на себе. Пејачката се чини сакала да се угледа на постарата колешка Шер, која е препознатлива по густата натапирана коса. Само што кај Лејди Гага тоа изгледа сосема различно и по малку страшно. Сепак, фановите се воодушевени.