Мислевме дека не може повулгарно, но покажа дека грешиме

На глупостите на Мајли Сајрус никако да им дојде крајот, и покрај секојдневните остри критики и губитокот на нејзиниот вереник кој ја остави после вулгарниот настап на MTV наградите. Имено, на фестивалот во Лас Вегас, откако се појави во нешто што наликуваше на долна облека, таа замина да се пресоблече, во нешто уште поразголено.

Така, Мајли се појави пред фановите во мрежаст фустан кој го откриваше целото нејзино тело, а брадавиците ги имаше покриено со црни кругови. Да биде кичот уште поголем, фустанот (мрежата) беше збогатен со бели крзнени ракави, а на нозете носеше гломазни и високи црни чизми со многу ланци и детали.

article-2428491-1828AFA400000578-208_634x570