Вчера заврши полуфиналето на регионалното музичко шоу X Фактор.
Како дел од гостите неделава се појавија двајца лански натпреварувачи, кои изведоа сопствени песни. Тоа беа Лукијан и Славко Калезиќ.
Се сеќавате ли на нив?
Лукијан беше дел од групата на Емина Јаховиќ, и остана познат како скромен дечко кој не зборуваше многу и имаше впечатлив глас. Повеќепати се наоѓаше во песните за спас, но успеваше да се избори и да остави зад себе одлични настапи.
Вака изгледаше лани
А еве го и неговиот вчерашен настап
Понатаму се појави уште едно уште препознатливо лице – Славко Калезиќ.
Славко во ланската сезона испадна уште во куќите на судиите, но затоа продукцијата му даде шанса да го води шоуто. Сепак, неговата водителска кариера во ова шоу заврши после една епизода, а на негово место дојде русокосата Ана.
Славко и ланската сезона ја затвори со песна, а и неделава се појави како гостин.
Потсетуваме како изгледаше лани
Најновата песна
Дали Даниел ќе се појави во супер финалето? Останува да почекаме уште една седмица.