Поранешниот зависник се појавил слаб и „испиен“ додека држел говор на доделување на награди.
Тој признава дека неговата долгогодишна употреба на дрога речиси го чинела неговиот живот.
И, ако последната слика на Еминем е некаква индикација, годините на конзумирање на дрога оставиле трајно влијание на неговото лице.
Додека познатиот- и најдобар- рапер говорел на доделувањето на наградите „Wall Street Journal’s Innovator Of The Year“ во Њујорк, тој изгледал ослабен и исушен.
Иако бил облечен во неговата препознатлива бела маица и црна кожна јакна, линиите и истакнатите вени на неговото избледено лице биле јасно видливи.
Неговото користење на дрога започнало за време на снимањето на филмот „8 Mile“, кога бил на сет на снимање по 16 саати и не можел да спие. Почнал да пие и антидепресиви и станал зависен од нив.
Тој во 2005 отиде на рехабилитација, а потоа 3 години направи пауза од својата кариера, пред да ги издаде своите албуми Relapse and Recovery.
Во документарецот „How to Make Money Selling Drugs“, Еминем открива дека тој имал блиско искуство со смртта поради неговата зависност од апчиња, кога бил хоспитализиран поради предозирање.