Во хит комедијата од 1987 година, со Том Селек, Стив Гутенберг и Тед Дансон во главните улоги, со нив игра и четири-месечно бебе.
Или барем мислевме дека е едно. Запознајте ги Лиса и Мишел Блер, идентичните близначки, главните улоги во истоимениот филм.
Тие за време на гостување на емисијата „Today“, зборувале за нивната улога во филмот и како таа влијаела на нивните животи. Тие велат дека додека биле мали не им било премногу важно, нокога станале тинејџерки тоа започнало да влијае на нивните животи. Луѓето им приоѓале и им барале автограми кога дознале дека токму тие се бебињата од хит комедијата.
Иако тие не се сеќаваат на снимањето на филмот, нивната мајка со задоволство се сеќава на овој дел од нивниот живот.
„По породувањето бев на породилно отсуство и морам да признаам дека ми беше многу досадно. Случајно на телевизија видов реклама за кастинг за филм, и одлучив да ги пријавам моите две ќерки. Тогаш не знаев дека се работи за голема сериозна продукција“, објаснила госпоѓа Блер.
Близначките една недела подоцна биле одбрани за филмот, и се останато е историја.