Спајс Грлс повторно ќе се обединат?

Мелани  Би сака  да организира турнеја по повод  20 години Спајс Грлс.Имено, таа инсистира за организирањето на турнеја по повод годишнината на Спајс Грлс, со што ќе се одбележат две децении од основањето на бендот во 1994.

38-годишната пејачка сака да ги собере поранешните колешки за новиот проект „Спајс 20″. женска група, составена од Гери , Ема, Викторија Бекам, Мел Би и Мел Си, кои по долго време успеаа да се собрат  за учеството на свеченото затворање на Олимписките игри во Лондон минатото лето.

blog150812_spice1

 

Викторија, сепак, е категорична дека нема да се занимава со настапи во живо, бидејќи сака да се фокусира повеќе на модната линија.

Aug-12th-London-Spice-Girls-at-London-2012-Olympics-Closing-Ceremony-spice-girls-31798859-2499-1769(1)

 

„Викторија ја гледа 2014-тата  година како година во која ќе се концентрира повеќе на модната марка, отколку на  музиката. Многу и  се допадна учеството на Олимпијадата и фактот дека се собрале повторно, но тоа беше посебен повод. Мел Би работи на проектот Спајс 20 и смета дека тоа е огромна можност да ги собере повторно сите”, вели извор на Њујорк дејли њус.

spice-girls-90s

 

Мел секогаш инсистира на проекти на Спајс. Враќањето на групата би значело  милиони на нејзината  банкарска  сметка, додава изворот.

- Реклама -