Миранда Меј Кер (20 април 1983) е австралиска манекенка, која од средината на 2007 година е добро позната како една од ангелите на Викторија Сикрет. Таа е првата австралијанка која учествува во кампањата на Викторија Сикрет, а исто така ги претставува и австралиските модни колекции како Портмантс и Дејвид Џонс Лимитед. Кер започнала да се занимава со манекенство на 13 години, започнувајќи во модната агенција Чеис, и набргу потоа победи на австралиската потрага за национален модел ,организирана од списанието Доли и парфимериите на Импулс.
Раното детство и фамилијата
Кер е родена во Сиднеј, но пораснала во малото гратче Гунедах, Нов Јужен Велс. Нејзините родители се викаат Тереза и Џон Кер, и има помлад брат кој се вика Метју. Во едно интервју, Кер изјави дека таа има Англиско, Турско, Француско и Шкотско потекло а и ги негираше гласините дека има Филипинско наследство. Кога била дете, Кер “ возела мотори и јавала коњи на фармата на нејзината баба” . Таа го опишува своето детство во австралиското село како многу обично,нормално…немало никакви претензии и никој не обрнувал внимание кој како се облекува. Можело да бидеш свој. Нејзиното семејство се пресели во Брисбејн за да и овозможи на Кер и на нејзиниот брат да го искусат градскиот живот. Таа матурирала во средното училиште Ал Халос во Брисбејн, и планирала да студира на насоката за прехранување, пред да одлучи да се занимава со манекенство.