Фреди Принц Џуниор го гледавме во многу тинејџерски романтични филмови, но во последните неколку години беше далеку од холивудските рефлектори.
37-годишниот актер се врати! Доби улога во новата хит серија „Witches Of The East End“ и го покажа згодното тело. Фреди ќе ја глуми улогата на Ли Вингат, а изгледа дека актерот се подготвил добро.
Фреди Принц Џуниор се прослави по улогите во „Boys and Girls“, „Down to You“, „She’s All That“, „I Know What You Did Last Summer“, „Scooby Doo“.
Актерот од 2002 година е во брак со актерката Сара Мишел Гелар со која имаат две деца, Шарлот Грејс и 13-месечниот Роки Џејмс.