47-годишната поп принцеза Кајли Миног е една од светските ѕвезди, кои што избраа да одмараат во Италија.
И додека Рис Витерспун претпочита да се наслади на архитектонските и историски знаменитости на Рим, а Бијонсе, Џеј Зи и малата Блу Ајви ги обиколија Фиренца и Тоскана – нагледно демонстрирајќи ни што значи вистинска семејна идила, сексапилна Кајли Миног украде малку време за себе во италијанското гратче Портофино.
Сликите од одморот на пејачката кои циркулираат низ интернет просторот веќе неколку дена наваму, нагледно докажуваат две работи. Прво – таа демонстрира неверојатен стил на облекување како на црвениот килим, така и во секојдневниот живот, и второ – меѓу неа и модната куќа Dolce & Gabbana постои силна и волшебна врска која го остава со восхит секој моден ас и познавач.
Доказот за нашите зборови доаѓа во форма на четири убави визии кои се состојат исклучиво од ремек-делата на Dolce & Gabbana кои Кајли Миног ги покажа за време на својот одмор во живописниот италијански град.
Првиот ден таа се прошета низ улиците на гратчето, облечена во бел фустан од чипка, сино-бела торба со ефектен принт, како и сини сандали украсени со повеќе камења.
За на плажа, пејачката се одлучи за бохо варијанта, која вклучува облека и додатоци од новата пролет-лето колекција на Dolce & Gabbana.
За ручек на јахтата на Деменико Долче, Кајли сосема очекувано повторно се обложи на облека од италијанскиот бренд, имено долга наметка со цветни мотиви.
Неколку часа подоцна таа повторно се појави со фустан од Dolce and Gabbana, но овој пат со должина до колената и интересен принт.